Во посета кај нас - Отворен петок

Секој последен петок од месецот, Фени Индустри организира  настан "Отворен ден", кој им овозможува на граѓаните да се запознаат со технолошкиот процес,  напредокот што Фени го има постигнато во последниве години во многу области, како што се производство, инвестиции, екологија и сите други информации од јавен карактер кои се во интерес на граѓаните и на пошироката јавност. Во 2015 година, гости - учесници на  "Отворен ден" беа учениците од основните и средните училишта во Републиката, студенти од Факултетот за деловна економија на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, наставници од основните училишта од Кавадарци, кои учествуваа во Еко квизот , потоа претставници на компании кои се членови на Macedonian global Compact network и други заинтересирани граѓани.