Безбедност и здравје

ФЕНИ Индустри постојано се залага за унапредување на безбедноста и здравјето при работа, како дел од целокупното подобрување на работните услови, кое преставува важна стратегија, не само за обезбедување на благосостојбата на работниците, туку и за позитивно придонесување за продуктивност.

Со цел да се имплементираат барањата поврзани со заштитата при работа, кои произлегуваат од Законот за Безбедност и здравје при работа, Службата за Безбедност и здравје при работа редовно и во континуитет врши едукација и обуки како на раководниот кадар така и на сите вработени. Од вработените пак се очекува да ги почитуваат и следат дадените процедури и регулативи за работа со создавање на безбедна и здрава работна средина, во која сите ќе бидеме одговорни како за сопствената безбедност така и за безбедноста на нашите колеги.

Како дел од својата корпоративна култура е и грижата за здравјето на вработените, преку редовно организирање на периодични лекарски прегледи и следење на здравствената состојба на вработените преку лекарските Извештаи.

Индекс за безбедност и здравје

Противпожарна служба