• Фероникел Гранули

  • 02

FeNi Гранули (22% Ni)

Типична анализа на нашиот FeNi

СПЕЦИФИКАЦИИ

Елемент Типичен (%) Индикативен (%)
Ni 17-25 22
Co 1.2 max 0.8
Si 0.02 max 0.01
C 0.02 max 0.01
P 0.020 max 0.002
As 0.15 max 0.10
S 0.25 max 0.22
Cu 0.10 max 0.06
Cr 0.003 max 0.002
Fe Баланс Баланс

Физички карактеристики

FeNi гранулите се со следните карактеристики:

  • Гранулација: околу 3 - 40mm (95%)

  • Насипна тежина 3.2 - 3.8 t/m3

  • Насипен агол: 40 - 50

  • Гранулите не претставуваат било каков извор на радијација

  • Заостаната влага: 0.2% max

  • Во материјалот нема присуство од површинска контаминација од типот на троска, песок и сл.

Опис

Cunico фероникелот е во гранулирана форма и може да се додава во конвертори и електрични печки. Секој кг никел од фероникелот обезбедува околу 3 до 4 килограми чисто железо. Додатокот од чисто железо има големи предности за челичната индустрија. Ефектот на ладење во процесот на нерѓосувачки челици е многу поповолен отколку со остатоци од нерѓосувачки челик или други форми на никел. Поради своите специфични хемиски карактеристики, ниска содржина на јаглерод, содржина чисто железо и никел во опсег од 17-25 %, Cunico фероникелoт e рангиран меѓу најдобрите во светот.

Пакување и ракување

Cunico фероникелот е развиен за употреба со автоматско ракување и опрема за складирање. Се испорачува во рефус форма, контејнери и големи вреќи (2 тона). Може да биде додаван континуирано и во точни количини во сите типови на опрема во челичната индустрија.

FeNi гранулите може да се ракуват со електро-магнети, корпи, транспортери со лента, вибрирачки транспортери и транспортери со корпа. Благодарение на физичките својства на Cunico гранулите, ракувањето и чистењето се без загуба или загадување на производот. Затоа цената за ракување е минимална.

ПРИМЕНА

Поради своите хемиски карактеристики Cunico фероникелот може да се користи за производство на нерѓосувачки челици и тоа во сите типови на опрема:

  • Електро - лачни печки

  • Кислороден конвертер / AOD Конвертер

  • Индукциони печки

  • VOD Инсталации

Погледнете ги останатите производи

FeNi Гранули (16% Ni)