Животна средина

Во 2015 година Фени Индустри работеше согласно имплементираниот систем за управување со животната средина кој е во согласност со барањата на стандардот ISO 14001:2004.  Една од главните заложби на компанијата и понатаму останува намалувањето на влијанијата врз животната средина кои произлегуваат од нејзиното работење. 

Посебно внимание и понатаму се посветува на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, но се повеќе се работи на намалување на емисиите во вода и заштеда на водените ресурси, како и заштеда на електрична енергија со посебен акцент кон енергетската ефикасност. 

Енергетската ефикасност и заштедата на енергија се од витално значење за заштита на животната средина. Тие претставуваат најефективен начин за постигнување на енергетски одржлива иднина.

Со користењето на алтернативни горива се  врши зачувување односно заштеда на фосилните горива  за идните генерации.  Во 2015 година  Фени Индустри го зголеми користењето на биомаса како алтернативно и еколошко гориво во замена на лигнитот.  

 

Инсталираниот систем за континуиран мониторинг на амбиентниот воздух, во околината на Фени Индустри покажува дека во последните години постигнат е значителен напредок во делот на редукција на емисиите на цврсти честички во воздухот. 

Мониторинг на емисии во воздухот

Супституција на лигнит со биомаса

Мониторинг на амбиентен воздух